Со дуелите Милан – Удинезе и Сампдорија – Аталанта од 18.30 часот, денеска почнува новата сезона во италијанската Серија А, која се очекува да биде уште поинтересна од претходната во која безмалку до последно коло не се знаеше кој ќе биде шампион.
Јувентус кој потфрли минатата сезона, и Рома која се засили летово, имаат зголемени амбиции, па на Милан ќе му биде тешко да го одбрани трофејот. Глад за титула има и кај Интер кој беше првак во 2021.
Според квотите во обложувалницата Sport Life, најголеми шанси за Скудето му се даваат на Интер (квота 2.75), пред Јувентус (2.85). Зад нив е Милан со квота 5.00, а коефициентот за Рома е 9.00. Тука некаде и завршува најтесниот круг на фаворити.
Следуваат Наполи, Аталанта, Лацио, Фиорентина, новакот Монца, итн, но ако некој друг освен четирите главни фаворити биде првак, тоа ќе претставува големо изненадување.
Најмали шанси им се даваат на Кремонезе, Лече и Салернитана, квотите за нивна титула се дури 999, а квота над 900 има и за Специја, Емполи и Сампдорија.