„Л’Екип“ ѝ даде 2,7 оценка на Барса, а на Сетјен му пишаа „единица“ во дневник

Реномираниот француски лист „Л’екип“ го оцени настапот на Барселона и Баерн Минхен во вчерашната голеда која заврши со неверојатни 8-2 во корист на Баварците.

Цел тим на Барса доби оценка 2,7, додека на тренерот Кике Сетјен му пишаа „единица“ во дневникот. Досега не се случило еден тренер да биде толку слабо оценет.

Со оценка 4, Луис Суарес беше најдобар на теренот кај Каталонците, нема ниту една „петка“.

На другата страна пак, Алаба потфрли кај Баварците, тој беше најслаб играч со оценка 4, за разлика од играчот на натпреварот Томас Милер кој доби висока „деветка“.

- Оглас -

Најнови вести