Екипата на Реал Мадрид минатото лето остана без Карим Бензема, а сите напори да се доведе Килијан Мбапе беа залудни, но сепак, се чини дека Џуд Белингам е вистинското засилување за “кралевите“ и со 13 гола во сите натпреварувања оваа сезона е вистински лидер на тимот.
Сепак, францускиот весник Л’Екип тврди дека следното лето претседателот на Реал Мадрид со сите сили ќе тргне по офанзивец. Изборот ќе биде помеѓу Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе, а французите тврдат дека тоа ќе биде токму нивниот репрезентативец.
– “Ако Флорентино мора да се потруди за да донесе некој играч, тоа ќе го направи само за Мбапе, не и за Халанд. Тој е неговата опсесија.“ – се вели во дел од текстот на Л’Екип.
Во минатото Флорентино Перес откри кој бил и единствениот играч кој бил негова голема желба, но сепак не успеал да го донесе во редовите на “кралскиот“ клуб.
– “Потрошив многу пари за да го изградам овој моќен Реал Мадрид. Мојата желба беше да го донесам и Франческо Тоти. За жал, тоа не беше можно, секогаш сакаше да остане во својот клуб и во својот град.“ – изјави своевремено Флорентино Перес.