25.8 C
Skopje
четврток, 17 јули 2025

Л`Екип најавува бомба над бомбите: Кристијано Роналдо одлучил да игра за Манчестер сити!

ПСЖ и Манчестер сити се единствените клубови во Европа кои се финансиски силни да ја издржат платата на Кристијано Роналдо, па португалската мегаѕвезда, која наводно сака да си замине од Јувентус, предвид зема само трансфер во премиерлигашкиот првак.

Сити има пари кои сака да ги потроши за ангажман на Хари Кејн, но може да се случи газдите од Обединетите Арапски Емирати да им одговорат на катарските ривали од ПСЖ кои го прибраа Лионел Меси во своите редови, со тоа што би го купиле Роналдо, за кого се шпекулира дека може да замине и во Париз.

Манчестер му е добро позната средина на Роналдо, тој се прослави играјќи таму, но не за Граѓаните, туку за Јунајтед. Францускиот најпознат спортски весник „Л’Екип“ вечерва објави „бомба“ дека Роналдо сака да замине во Манчестер сити. Наводно, тој телефонски се слушнал со сонародниците Жоао Кансело, Рубен Дијаш и Бернардо Силва и им кажал дека сака да им се придружи.

Можно е и ако Роналдо оди во Сити, Бернардо Силва или Ајмерик Лапорт да се преселат во Јувентус.

 

- Оглас -

Најнови вести