Статуа од поранешната ѕвезда на ЛА галакси, Дејвид Бекам, ќе биде поставена пред стадионот „Дигнити Хелт Спортс Парк“ во Лос Анџелес, идниот месец. Бекам ќе биде првиот фудбалер во историјата на МЛС лигата кој добива ваква чест, а Галакси на еден начин му се заблагодарува за неговиот придонес во клубот.
Статуата ќе биде промовирана на стартот од новата сезона, односно во првиот натпревар на кој ЛА галакси ќе се соочи со Чикаго фајр на втори март.
Екскапитенот на Англија играше шест години за екипата од Ел – еј откако во 2007 година пристигна од редовите на Реал Мадрид, а со нив во два наврати ја освои МЛС лигата во 2011 и 2012 година. Во дресот на Галакси настапи на 124 натпревари на кои постигна 20 погодоци и 42 асистенции.