Фудбалерите на Лос Анџелес галакси го доживеаа најтешкиот пораз во клупската историја откако со 7:0 загубија на гостувањето кај Њујорк ред бул. ЛА галакси е актуелен првак во МЛС првенството и рекордер со шест шампионски титули, па секогаш важи за еден од фаворитите.
Сепак, сезонава ЛА галакси игра под очекувањата, па по 12 одиграни кола уште нема ниту една победа. Со само три освоени бодови, ЛА галакси е закован на дното на табелата во Западната конференција, а тоа што го доживеа утрово на гостувањето во Њујорк е историска срамота.
Поразот со рекордни 7:0 само е доказ за кризата во која се наоѓа тимот од Лос Анџелес. И додека фудбалерите на Галакси едвај чекаа да заврши мечот во Њујорк и да „избегаат“ од теренот, веднаш по завршување на средбата, потег за памтење направи гостинскиот тренер.
Стратегот на ЛА галакси, Грег Ванеј не дозволи ниту еден фудбалер да замине кон соблекувалната. Тој ги задржа сите играчи на теренот и им оддржа лекција.
LA Galaxy Coach Greg Vanney Address His Team on Field After a 7-0 Loss
byu/AJ_CC insoccer