ЛА клиперс го декласираа Далас, Милвоки после продолжение славеше против Мајами (Видео)

Кошаркарите на Лос Анџелес клиперс го декласираа Далас со 135-104 и на тој начин останаа во игра за директен пласман во плејофот. До победата ги водеа Харден и Леонард со по 29 поени, додека Ивица Зубац додаде 25 поени, десет скока и две асистенции.


Харден додаде 14 асистенции и седум скока, а Леонард шест скока и три асистенции.

Кај Далас маверикс, Дејвис постигна 27 поени и девет скока, Џоунс додаде 18 поени и седум скока. Томпсон натпреварот го заврши со 14 поени, а двоцифрен беше и Вашингтон со 12 поени и пет скока.

Милвоки мораше да игра продолжение за да стигне до триумф против Мајами, но на крајот ја оствари целта и славеше со 115-121. Јанис Адетокумбо оствари трипл дабл со 36 поени, 15 скока и 10 асистенции, а најефикасен кај Мајами беше Бем Адебајо со 31 поен.

НБА резултати: Атланта – Њујорк 105-121, Детроит – Мемфис 103-109, Филаделфија – Минесота 109-114, Мајами – Милвоки 115-121 (по продолжение), ЛА клиперс – Далас 135-104

- Оглас -

Најнови вести