Три меча ќе се одиграат ноќеска во НБА-плејофот, а многу интересно се очекува да биде во Лос Анџелес, каде што домашните Лејкерс се под притисок дека мора да победат против Минесота. Волците изненадија во првото коло и славеа на гости, па Лејкерс едноставно не смее да си дозволи вторпат да биде поразен пред своите фанови.
Оклахома има историска сезона. Овој тим победи на 16 од последните 18 средби кои ги одигра, што само потврдува за одличната форма во која се наоѓа. Дури и ако се погледнат резултатите во меѓусебните дуели, Оклахома има девет победи по ред против Мемфис.
Неизвесно се очекува да биде во Индијана, каде што ќе гостува Милвоки. Интересно е дека двата тима во последните девет меча имаат осум победи. Интересно е дека во последните осум дуели на овие два тима, четирипати победи Индијана, а исто толку пати се радувал и Милвоки.
За трите меча има одлична понуда за плус-минус поени, скокови и асистенции на кошаркарите кои се очекува вечерва да се појават на НБА-терените.