ЛА лејкерс очаен, пет меча-пет порази (Видео)

Лос Анџелес лејкерс продолжи да реди порази во претсезонските мечеви од НБА-лигата. Кошаркарскиот гигант го претрпе петиот пораз во петиот меч, овојпат во својот „Стејплс центар“ од Голден Стејт со убедливи 99:111.

На Лејкерс не им помогна ни тоа што во стартниот тим имаше три големи ѕвезди како Леброн Џејмс, Ентони Дејвис и Кармело Ентони. Дејвис беше прв стрелец со 20 поени, Леброн додаде 17, а Ентони заврши со 13 поени, но Лејкерс само три четвртини им парираа на противникот во чии редови ја немаше првата ѕвезда Стеф Кари.

По првата четвртина Лејкерс водеа со 32:24, а на полувреме предноста беше само два поени (55:53). Третата четвртина беше израмнета, па гостите само со еден поен влегоа во пресрет на последната четвртина (85:84). Лејкерс водеа со 91:90, кога Голден стејт со одлична игра во финишот стигна дури и до двоцифрена победа од 12 разлика.

 

- Оглас -

Најнови вести