10.8 C
Skopje
недела, 26 октомври 2025

ЛА лејкерс остана и без Лука Дончиќ

Најдобриот играч на Лос Анџелес лејкерс, Лука Дончиќ, повторно ќе мора да паузира поради повреда на левата нога, оставајќи го својот тим без вистинска ѕвезда само два натпревари по почетокот на сезоната. Ова доаѓа како нов удар за кошаркарите на ЛА лејкерс, кои пред неколку недели веќе го загубија Леброн Џејмс поради повреда.

Познатиот НБА новинар Чарлс Чаранија објави дека Дончиќ ќе отсуствува најмалку седум дена, пропуштајќи ги натпреварите против Сакраменто, Портланд, Мемфис, Минесота и Мајами.

Ова ќе биде многу тежок период за екипата предводена од Џеј-Џеј Редик, која очигледно се мачи без својот словенечки ас. На последниот меч против Феникс санс, Дончиќ блескаше со неверојатни 49 поени, придружени со осум асистенции и 11 скока, покажувајќи ја својата клучна улога во составот на ЛА лејкерс.

- Оглас -

Најнови вести