Ла Лига го одреди терминот за првото „Ел Класико“ оваа сезона

Фудбалерите на Реал Мадрид и Барселона наскоро ќе го одиграат првото „Ел Класико“ во Ла Лига. Како што беше соопштено денеска, натпреварот на „Сантијаго Бернабеу“ ќе се одигра на 26 октомври во 21:00 часот.

До овој дуел, големите ривали имаат уште четири првенствени натпревари, а на хартија, Барселона има полесен распоред во следниот месец.

Барсeлона има поповолен распоред до „Ел Класико“. Каталонскиот тим ги пречекува Хетафе и Севилја на домашен терен, а ќе гостува кај Осасуна и кај Алавес.

Реал Мадрид вечерва игра против Алавес, а потоа в недела гостува кај градскиот ривал Атлетико Мадрид. Ниту следните два натпревари по „Мадрилењо“ нема да бидат лесни, следуваат Виљареал на домашен терен и Селта на гости.

- Оглас -

Најнови вести