Ла Лига без навивачи до крајот на 2020-та, прв можен термин за кам-бек е февруари идната година

Хавиер Тебас, првиот човек на шпанската Ла Лига објави дека ќе нема навивачи на трибините во една од најсилните европски лиги до крајот на 2020 година.

Најрано како таргет, кој би бил реален за кам-бек на публиката би бил февруари идната година, но Тебас објасни дека сепак и тоа не е сигурно и зависи од развојот на ситуацијата со корона-вирусот.

„Мораме да почекаме, заради безбедноста на сите. Знам дека клубовите и навивачите се нестрпливи и дека фудбалот без публика не е тоа вистинското, но мораме да мислиме на здравјето на луѓето. Ќе ги почтиуваме протоколите, ќе бидеме трпеливи и се надевам дека на почетокот на следната година на стадионите ќе ни се приклучат и навивачите“, изјави Тебас.

Новата сезона во Ла Лига ќе почне викендов со натпреварите од првото коло и тоа не сите, бидејќи Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид и Севилја ќе почнат подоцна. Дури од 22. коло закажано за 7. февруари би можело да се очекува кам-бек на публика на трибините.

- Оглас -

Најнови вести