Марк-Андре тер Штеген пристигна на позајмица во Жирона за да биде прв голман и своето деби ќе го има вечерва, на мечот против Хетафе, но лесно можеше да се случи Германецот да остане надвор од составот.
Ла Лига им дозволува на екипите да ги користат само броевите од 1 до 25, а голманите задолжително ги носат бројките 1, 13 и 25. Сепак, сите три бројки во Жирона се зафатени, па помалиот клуб од Каталонија тргна експресно да ја раскинува позајмицата со Доминик Ливаковиќ за да се ослободи неговиот број.
Сепак, спасот стигна во последен час, откако Ла Лига дозволи регистрација на Тер Штеген со бројот 22, кој се ослободи по заминувањето на Џон Солис.
Со тоа и официјално е јасно дека Германецот вечерва ќе дебитира меѓу стативите на мечот помеѓу Жирона и Хетафе, но за клубот од Каталонија и понатаму останува отворен проблемот со хрватскиот голман Ливаковиќ, кој дојде на позајмица од Фенербахче до крајот на сезоната, а сега сака да си замине бидејќи не е првотимец.

