Новата сезона во Ла Лига со натпревари ќе стартува на 18 август. Шампионот Барселона својата одбана на титулата ќе ја започне со гостување на „Сан Мамеш“ кај Атлетик Билбао, а на гости ќе игра и Реал Мадрид кај Селта Виго. Од екипите кои ќе се борат за титулата, само Атлетико Мадрид ќе ја започне кампањата на домашен терен, на „Ванда Метрополитано“ доаѓа Хетафе.
Сите се интересираат за главниот меч, поточно мечевите во Шпанија, тоа е популарното Ел Класико. Барселона прва ќе го пречека Кралскиот клуб, спектаклот на „Камп ноу“ е предвиден за 10-тото коло на 27 октомври. За повратниот дуел ќе се чека до 1 март, односно 26-тото коло, кога Реал ќе ѝ биде домаќин на Барселона на „Сантијаго Бернабеу“.
Македонскиот репрезентативец Енис Барди со својот Леванте исто така ќе стартува на гости кај Депортиво Алавес.
Целосниот распоред на Ла Лига за сезоната 2019/20 можете да го видите на следниот ЛИНК.