6.8 C
Skopje
недела, 8 февруари 2026

Ла Лига се врати! Окампос блесна, Севилја го реши градскиот ривал Бетис (видео)

Севилја отвори со победа против градскиот ривал Бетис со сигурни 2-0 по рестартот на сезоната во Ла Лига. Андалузиското дерби заврши во корист на екипата на Хулен Лопетеги, во кое Лукас Окампос ја изрежира победата на домаќините.

Домаќините од старт ја презедоа иницијативата и имаа неколку добри шанси за водство уште во првиот дел. Сепак, се чекаше до 56-тата минута за првиот гол, а го реализира Окампос од пенал. Само шест минути подоцна, аргентинскиот офанзивец фантастично реагираше во опасната зона и со пета го проигра Фернандо, кој лесно ја затресе мрежата за конечни 2-0.

Севилја со триумфот се зацврти на третото место на табелата со 50 бода. Бетис засега останува на 12-тото место со 33 бода по 11-тиот претрпен пораз оваа сезона.

https://twitter.com/fsgoaltv/status/1271192046259376128

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести