11.8 C
Skopje
среда, 22 октомври 2025

Ла Масија на Барселона повторно блесна: Осум од 11-те стартери се „деца од клубот“

Барселона приреди вистинско фудбалско задоволство на своите навивачи откако со убедливи 6:1 славеше над Олимпијакос во меч од третото коло во Лига на шампиони. На овој меч, тренерот на Барселона, Ханси Флик реши целосна доверба да додели на „децата од Барселона“, па во стартниот тим имаше дури осум играчи кои потекнуваат од легендарната фудбалска школа „Ла Масија“.

Единствени кои не се продукти од школата на Барселона во првиот тим беа голманот ветеран Шчесни, потоа францускиот дефанзивец Кунде, како и англискиот напаѓач Рашфорд.

Сите останати, не само што се дел од Ла Масија, туку тоа се и играчи кои ниту еден нема повеќе од 24 години. Во стартниот тим на Барселона од Ла Масија школата беа:

Дро Фернандез: 17 години

Ламин Јамал: 18 години

Пау Кубарси: 18 години

Марк Касадо: 22 години

Педри: 22 години

Фермин Лопез: 22 години

Алехандро Балде: 22 години

Ерик Гарсија: 24 години

Едноставно Барселона нема за што да се грижи околу иднината. Тоа е клубот кој многу години наназад ја има најдобрата фудбалска школа на светот, а сега само се потврдува тоа со играта на теренот во меч од Лига на шампиони.

- Оглас -

Најнови вести