Екипата на Барселона за фудбалери до 19 години е нов шампион на Европа откако во финалето на младинската Лига на шампиони славеше над најголемото изненадување оваа сезона, Трабзонспор, со убедливи 4-0. За младите Каталонци ова е трет трофеј од ова натпреварување.
Освојувачот на младинската Лига на шампиони беше решен многу рано, уште во првите 20-тина минути од мечот. Дијара во 11-тата минута го отвори резултатот, а само седум минути подоцна, Куенка зголеми на 2-0. Во второто полувреме Каталонците постигнаа уште два гола. Најпрво Алба зголеми на 3-0 во 57-мата минута, а Дијара со неговиот втор гол на овој меч донесе убедливи 4-0 за Барселона.
Трабзонспор сè што успеа да направи на овој меч е да намали на 1-4, а почесниот гол за Турците беше дело на Тибукоглу во 88-мата минута.
„Ла Масија“, како што се нарекува академијата на Барселона, оваа сезона успеа да дојде до тројната круна, со оглед на фактот дека претходно го освои и првенството, но и Купот на Шпанија во младинска конкуренција.