31.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

„Ла Скалонета“ е опасна, има серија од 32 меча без пораз, Меси најавува атак и на светската титула

Репрезентацијата на Аргентина долго беше без трофеј, а составот на селекторот Лионел Скалони, кој доби прекар „Ла Скалонета“, за неполна година има титули од Копа Америка и „Финалисима“, дуелот на прваците на Европа и Јужна Америка.

Гаучосите од 2019 година не знаат за пораз, имаат низа од 32 меча по ред без пораз, а светскиот рекорд го држи Италија и изнесува 37. По синоќешниот убедлив триумф на „Вембли“ против Италија, капитенот Лионел Меси, кому ова му е 40-ти трофеј во кариерата, рече дека тимот е подготвен да игра против секого.

„Можеме да играме против секого. Ова беше одлична проверка, Италија е добар тим. Пријатно е да освоиш трофеј. Имаше многу Аргентинци на стадионот, беше чудесно“, рече Меси, кој имаше две асистенции.

- Оглас -

Најнови вести