Борнмут има намера да ја прекине серијата на Ливерпул од 21 победа на домашен терен во Премиер лигата, а Калум Вилсон по само девет минути игра им донесе предност на гостите на „Енфилд“.
Кризниот период кај Црвените очигледно уште трае, па сега тимот на Јирген Клоп во продолжението од средбата ќе мора да брка негатива од еден гол за да избегне ново разочарување. Иако имаше сомнежи за фаул во напад од страна на стрелецот на голот, арбитрите потврдија дека сè е чисто, па во продолжението на акцијата Вилсон лесно ја смести топката во голот на домаќините.
https://twitter.com/RainingGoals/status/1236270313530200069