Управата и навивачите на Ливерпул најверојанто ќе доживеат големо разочарување во изборот на наследник на Јирген Клоп бидејќи Чаби Алонсо нема да пристигне на „Енфилд“, објавија германските медиуми.
Имено, германските медиуми денеска објавија дека Чаби Алонсо, кој го предводи Баер Леверкузен кон титулата во Бундеслигата, од следната сезона ќе го преземе кормилото на Баерн Минхен.
Наводно, челниците на Баерн Минхен се подготвени да ја платат откупната клаузула за Алонсо, која изнесува 25 милиони евра. Пред неколку дена беше објавено дека Шпанецот на маса има понуда која ќе му носи 20 милиони фунти по сезона и денеска медиумите пишуваат дека тој ја прифатил оваа понуда.