Ладен туш за пет минути: Сити го освои Мадрид, Јуве ќе брка еден гол негатива во реваншот

Распад на системот му се случи на Реал Мадрид против Манчестер сити. Граѓаните за пет минути успеаја да го свртат резултатот и да триумфираат со 2-1 на „Сантијаго Бернабеу“ во првата пресметка меѓу двата гиганти. Мирното прво полувреме беше најава дека темпото ќе се засили во вториот дел.

Први се заканија Кралевите преку Иско во 61-та минута, но тоа беше знак дека гостите од Манчестер ќе се потрудат барем да израмнат, а го сторија тоа во 78-мата минута преку Жесус. Само пет минути подоцна следуваше нова казна за тимот на Зидан, Сити доби пенал кој го изведе и реализира Де Бројне, па може да се каже дека Белгиецот е режисер на пресвртот ако се знае дека асистираше за израмнувањето.

Домаќините испровоцирани наместо да се потрудат да избегнат пораз, Рамос во 86-тата минута направи опасен прекршок како последен играч во одбраната и доби директен црвен картон.

Втората вечерашна средба се одлучи со еден гол, Лион славеше со минимални 1-0 против Јувентус благодарение на погодокот на Тусар во 31-вата минута. Составот на Маурицио Сари покажа разочарувачко издание и упати само еден удар во рамките од голот на домаќините од вкупно 15 обиди.

- Оглас -

Најнови вести