Премиер лигата го прогласи фанстастичниот погодок на Мануел Ланѕини, фудбалерот на Вест хем, за најубав во изминатиот месец во англиското првенство.
Ланѕини со ракета од далечина во судиското надополнување го комплетираше камбекот на Чеканите за 3-3 на гостувањето кај Тотенхем, па сосема заслужено оваа награда заврши во неговите раце. Мајсторскиот погодок од далечина со кој Вест хем за околу 10 минути од 3-0 израмни на 3-3, беше ладен туш за Жозе Мурињо и неговиот тим кој беше блиску до три бода, но освои само еден.
A sensational finish that meant so much for @WestHam ⚒️
The October @budfootball Goal of the Month goes to @manulanzini#PLAwards pic.twitter.com/NwwjN3pmup
— Premier League (@premierleague) November 13, 2020