Ладнокрвниот Керол ја реши Барса, по тројката еруптираше цела сала (видео)

Реал Мадрид е на чекор од одбрана на титулата во шпанското првенство откако триумфираше против Барселона со минимални 81:80 во вториот меч од финалето. Драмата во Мадрид ја реши Џеј Си Керол со тројка во последната секунда од мечот, па Кралевите дојдоа до предноста од 2-0. Барселона и Светислав Пешиќ имаат за што да жалат бидејќи го држеа резултатот во своја корист цели 38 минути, а имаа и 8 поени предност на 1:20 до крајот.

Кошот на Керол беше негов 25-ти поен на средбата, а Љуљ со 13 поени придонесе за посакуваниот триумф. Хуертел беше најрасположениот играч на гостите, но ниту 30-те негови поени не беа доволни да се избегне втор пораз во финалето.

Третиот и можеби одлучувачки меч се игра во среда, во 21 часот. Реал со евентуална победа ќе слави одбрана на титулата во „Блауграна“, односно 35-та севкупно.

Погледнете ја лудата завршница во Мадрид:

- Оглас -

Најнови вести