Љафтов: Нашиот сон стана реалност, да играме во осминафинале

Одбојкарската репрезентација на Македонија ја оствари втората победа на Европското првенство, во СЦ „Борис Трајковски“ беше декласирана Црна Гора со 3-0 во сетови, а еден од најдобрите беше Александар Љафтов.

„Прво сакам да им честитам на цела Македонија, на целата спортска јавност, на сите Македонци за тоа што сите изминати години не бодреа. Само ние си знаеме како стигнавме до тука. Реков по мечот со Данска дека треба и против Црна Гора да играме исто, сега имаше повеќе публика на трибините и фала им за тоа.

Цело лето се подготвувавме за ова, имавме само три недели слободни, но нашиот сон стана реалност, на третото ЕП успеавме да играме во осминафинале. Бевме сигурни дека ќе победиме, но почнавме многу лошо. И со данска го загубивме првиот сет, но бевме подготвени психички, бевме подготвени во главите. Можеби изгледаше лесно, но не беше така за нас и ние си знаеме со каков притисок игравме“, изјави Љафтов.

- Оглас -

Најнови вести