Љафтов: Потребна ни е поддршка за мечот против Грција в недела, сите заедно да се избориме уште за едно Европско првенство

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија в недела ја пречекува Грција во вториот и одлучувачки натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство.

Со триумф над Грција, македонските одбојкари ќе обезбедат ново учество на ЕП, четврто во низа.


Александар Љафтов побара од фановите да ги исполнат трибините во салата „Јане Сандански“.

„Ова е најважниот натпревар. Ако ја победиме Грција, веќе сме со една нога на ЕП 2026. Затоа, ги повикувам сите љубители на одбојката и на спортот да дојдат в недела и да не бодрат заедно да стигнеме до победа. Ако не победиме, нема да биде крај затоа што имаме уште два натпревари следното лето, па шансите за ЕП се големи“, вели Љафтов.

Одбојкарската федерација на Македонија донесе одлука влезот за натпреварот во „Јане Сандански“ да биде слободен. Мечот е закажан за в недела, со почеток во 20:15 часот.

- Оглас -

Најнови вести