Лахоз со ново шоу со картоните: жолт и црвен картон во неколку секунди за Сампаоли (Видео)

Познатиот шпански судија Антонио Матеу Лахоз во последно време се прославува со делењето жолти и црвени картони. За помалку од еден месец постави рекорд за најмногу дадени картони на меч од светските првенства кога подели дури 17 жолти и еден црвен картон на мечот Аргентина – Холандија.

По завршување на Мундијалот, Лахоз го судеше дуелот меѓу Барселона и Еспањол, а на таа средба беа покажани дури 15 жолти и два црвени картони, што исто така е рекорд во Примера дивисион. Тоа значи дека на тие два дуели Лахоз вкупно поделил 32 жолти и три црвени картони.

Синоќа Лахоз повторно беше на теренот, и тоа на меч од Купот на Шпанија меѓу нисколигашот Линарес и Севилја. Гостите лесно победија со 5:0, но тренерот на Севилја, Хорхе Сампаоли, за неколку секунди доби жолт, па црвен картон. Тоа се случи во 18-тата минута, а по тие два картони, Лахоз до крајот на дуелот не додели ниту една јавна опомена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести