„Лајкот“ откри дека Суарез ќе потпише за Арсенал

Денис Суарез воопшто не е задоволен од минутажата која што ја добива во Барселона, па затоа и побара да си замине од клубот. Играчот за врска не е во плановите на Ернесто Валверде и за да не седи на клупата за резерви, до крајот на јануарскиот преоден рок ќе најде нов клуб.

Досега, Суарез најмногу се поврзуваше со Арсенал, а шпекулациите беа дека веќе и се договорени, но засега нема официјална потврда. За заминувањето на Суарез, од Барселона бараат 19 милиони евра оштета, а Арсенал засега нуди 15 милиони. За тоа дека Суарез е подготвен да го облече дресот на Арсенал, потврдува и неговиот потег на социјалните мрежи.

Арсенал вчера го победи Челзи со 2:0, во дербито на Премиер лигата, а еден од оние кои ставија „лајк“ во знак дека тоа му се допаѓа, беше токму Суарез. Најверојатна опција за Суарез уште сега да дојде во Арсенал е да биде како позајмен играч, а потоа „топчиите“ да го откупат неговиот договор. Во тој случај, Арсенал сега ќе плати два милиони евра, а потоа по завршување на сезоната ќе додаде уште 17 милиони евра за да го откупи неговиот договор.

 

- Оглас -

Најнови вести