Лајнер го заборавивме, Австрија води против Македонија (Видео)

Стефан Лајнер повторно постигна гол против Македонија со Австрија, која води со 1:0 во Букурешт во првиот меч на Европското првенство за двете селекции.

Играчот на Борусија Менхенгладбах по асистенцијата на Марсел Сабицер, остана сам на десната страна и погоди со нога кога веќе се движеше во мртов агол.

Австрија посигурно го отвори мечот, иако немаше сериозна шанса пред водечкиот гол во 18-тата минута.

Лајнер ни даде гол и на претходниот меч што Австрија го доби со 2:1 во Виена пред две години, во квалификациски меч за ова Европско првенство.

https://twitter.com/i/status/1404111717110583304

- Оглас -

Најнови вести