Душан Лајовиќ беше хоспитализиран во Сантијаго откако се здоби со сериозни повреди по завршување на дуелот од Дејвис купот против чилеанскиот тенисер Томас Бариос. Откако го загуби со 2:0 во сетови (7:5 и 7:6), Лајовиќ додека заминуваше кон соблекувалната доживеа нереална несреќа.
Србинот удрил во стаклена плоча и претрпел сериозни повреди на главата. Добил контузија на черепот, посекотини на лицето и устата и оштетување на забите.
Неговата состојба првично беше оценета од лекарите како загрижувачка. За среќа, тој не ја изгубил свеста, но итно бил префрлен во болница. Засега нема прецизни информации за неговата здравствена состојба, но се верува дека не би требало да има поголеми последици, но дефинитивно ќе мора да направи пауза.
Со оглед на тоа дека се работи за скршено стакло, Лајовиќ имал и среќа затоа што можел да помине и многу полошо. Инаку за време на мечот, Лајловиќ неколку пати влезе во конфликт со домашната публика.
„Беше тешко да се игра. Знаевме дека нема да има фер услови, но тоа не беше решавачко за мечот. Имаше одредени провогации и непочитување. Еден човек постојано ми велеше дека сум лош. Нема потреба да се дофрлува кон тенисерот додека трае мечот. Судијата мораше да обезбеди добри услови“, рече Лајовиќ.

