Шалке мора да се разбуди, за да не испадне

Германските прволигаши играат многу ефикасно сезонава, а очекувам и во ова коло на неколку дуели да има доста голови, вели тренерот на Вардар, Александар Васоски.

Неговиот нов тикет со пет натпревари е подготвен, а во продолжение прочитајте ја анализата и предлог типовите.

Шалке 04 – Фрајбург (Сабота, 15.30 часот)

Очекувам победа на Шалке 04, бидејќи е подобар тим од Фрајбург, иако во моментов гостите се подобропласирани во Бундеслигата.

Шалке мора да почне да игра соодветно на квалитетот што го има, бидејќи е блиску до опасната зона за испаѓање. Мечот со Фрајбург е шанса за победа, а на „Ауф Шалке“ арена доаѓа една од најслабите гостински екипи.

Предлог тип: 1&T1 (2.30)

 

Штутгарт – Лајпциг (Сабота, 15:30 часот)

Лајпциг игра отворен, напаѓачки фудбал и засега добро се држи во битката за позиции кои водат во Лигата на шампионите. И оваа сезона се меѓу најефикасните екипи во Бундеслигата, па очекувам да има голови и на дуелот со Штутгарт.

Домаќините немаат победа во 2019 година во Бундеслигата, нанижаа серија од шест меча без триумф и мораат да одиграат поофанзивно ако сакаат да ги освојат бодовите во битката за спас од испаѓање.

Предлог тип: 3+ (1.75)

 

Хофенхајм – Хановер (Сабота, 15.30 часот)

Хофенхајм постигнува многу голови, со 41 погодок се четвртата најефикасна екипа во Германија, а Хановер не е противник кој може да им се спротивстави. Гостите се борат за опстанок им требаат бодовите, но имаат и катастрофална традиција против Хофенхајм.

На последните пет гостувања имаат само порази, а немаат триумф во овој милениум во ситуација кога Хофенхајм е домаќин .

Предлог тип: 1&3+ (1.50)

 

Волфсбург – Мајнц (Сабота, 15.30 часот)

Предводени од Бруно Лабадија фудбалерите на Волфсбург имаат одлична сезона во Бундеслигата и се фаворити против Мајнц. Гостите имаат два порази по ред и очекувам да го забележат и третиот, денеска од Волфсбург во ефикасен меч.

Последните шест меѓусебни дуели завршија нерешено, но овојпат верувам дека бодовите ќе останат на „Фолксваген арена“.

Предлог тип: 1&3+ (2.65)

 

Херта –  Вердер Бремен (Сабота, 15.30 часот)

Бундеслигата оваа сезона понуди доста ефикасен фудбал и во тој тренд очекувам да биде и мечот меѓу Херта и Вердер. Две многу солидни екипи, кои знаат да постигнуваат голови и имаат шанса да се вклучат во битката за позициите кои водат во Европа.

Очекувам меч без многу калкулации во Берлин и најмалку три погодоци.

Предлог тип: 3+ (1.75)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести