Првакот и вицешампионот се гаранција за голови на стартот на Серија А

Хофенхајм – Вердер Бремен (Бундеслига, 15.30 часот)

И двете екипи ќе одат на поправен испит по лошиот старт на сезоната во Бундеслигата. Хофенхајм прими гол во првата минута во Франкфурт и загуби со 0:1, па и Алфред Шрудер нема по добро да го памети дебито на клупата. Го замени Јулијан Нагелсман, но остана товарот и императивот да се победува и да се бијат битки за позиции кои водат во Европа.

Проблем за домаќините е што имаат комплетно нов напад, а не игра ниту Крамариќ, па се мачеа со офанзивата на премиерата и не успеја да постигнат гол. Хофенхајм важи за екипа што негува офанзивен фудбал, па Шрудер ќе мора да ја менува тактиката.

И Вердер се сопна на стартот и претрпе неочекуван пораз на „Везер“ пред 42 илјади гледачи од Фортуна Диселдорф. Амбициите се големи, Вердер има многу солиден состав, но се случи кикс на стартот, а лоша вест е и што се повреди Максимилијан Егештајн, еден од најголемите таленти на германскиот фудбал.

И двете екипи имаат доста кадровски проблеми, но во Бундеслигата нема време за консолидација, првенството почна и мора да се победува. Иако во последно време немаше многу голови на меѓусебните дуели ќе типуваме дека ќе се тресат двете мрежи со најмалку три гола на мечот.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.66)

 

Манчестер јунајтед – Кристал Палас (Премиерлига, 16 часот)

Црвените ѓаволи никогаш не загубиле меч од Премиерлигата од Кристал Палас, серијата стаса до кота 14, но треба да се внимава. Последниот дуел со тимот од Лондон на „Олд Трафорд“ заврши без голови.

Оле Гунар Солскјер ќе мора да најде рецепт за да ги врати своите играчи во победнички ритам, по драмата на „Молињу“ и промашениот пенал на Погба за победа против Вулверхемптон.

Црномурестиот играч на Јунајтед потоа беше на мета на жестоки критики на социјалните мрежи, дел од нив дури и сериозни закани и навреди на расна основа. Добро за домаќинот е што сите играчи што настапија во првите две кола се во строј, а се очекува и втората победа на „Олд Трафорд“ во новото првенство.

Ова ќе биде посебен меч за Арон Ван Бисака, кој го засили Јунајтед летово и пристигна токму од редовите на Палас. Тимот од Лондон се уште го чека првиот гол во Премиерлигата, откако на двата стартни дуели не успеа да ги затресе мрежите на Евертон и на Шефилд јунајтед.

Голем проблем за Кристал Палас е што Вилфрид Заха, најдобриот играч во составот на лондончани е незадоволен што не си замина, иако имаше одлични понуди. Клубот одреди огромна сума како отштета и не ги послуша молбите на репрезентативецот на Брегот на Слонова Коска да попушти и да ги намали превисоките барања.

Предлог тип: Т1 1+I& 1+II (2.25) Квота на денот во Sport Life

 

Парма – Јувентус (Серија А, 18 часот)

Со дуелот на старите ривали почнува новото издание на Серија А, а премиерата ќе биде особено емотивна за легендата Џиџи Буфон.

Човекот кој почна да брани во Парма, а прерасна во голема голманска легенда со 17-годишниот престој во Јувентус ќе се врати на „Енио Тардини“ и ако добие шанса да брани денеска, тоа ќе му биде прв настап по шест години против матичниот клуб пред публика чиј миленик е се уште.

Јувентус има добропознати амбиции, да се освои 36-то Скудето, деветто по ред, а има супер тим и е голем фаворит против Парма.

Старата Дама победи на последните три гостувања на „Енио Тардини“, па ќе типуваме дека ќе ја продолжи серијата, но со комбиниран тип дека на премиерата во Калчото ќе има брз гол до 29-та минута.

Предлог тип: 2&0-29 минута (2.60) Квота на денот во Sport Life

 

Реал Мадрид – Валјадолид (Ла Лига, 19 часот)

Најтрофејниот шпански клуб ужива во дуелите со Ваљадолид и има 8 победи по ред на „Сантијаго Бернабеу“, што покажува дека гостите тешко можат да се надеваат на подвиг на терен на кој немаат триумф од 2000 година.

Реал и со сите проблеми, недоразбирања и повреди на играчите имаше одличен старт на сезоната и ја победи Селта во Виго со 3:1.

Лука Модриќ нема да игра против Ваљадолид поради црвениот картон што го доби во Виго. Еден Азар не е подготвен, Лука Јовиќ слабо се снајде на почетокот на авантурата кај „кралскиот клуб“, а Марко Асенсио е повреден.

Зинедин Зидан мораше да направи маневар, па сега Герет Бејл од речиси избркан играч, станува адут за победи. Велшанецот речиси сигурно повторно ќе биде стартер, а од него од Бензема и од Винисиус се очекуваат голови против аутсајдерот Ваљадолид.

Интересно е што двете екипи имаат и одлична соработка, па Реал Мадрид му го позајми голманот Лунин на Ваљадолид, но не и Кубо, кој замина за Мајорка.

Ваљадолид и втор меч по ред на стартот од Ла Лига ќе биде гостин, а премиерата беше одлична со победа против Бетис со 2:1. Сега би биле задоволни и со еден бод, но Реал и покрај сите турбуленции е многу посилен и ќе победи.

Предлог тип: 1-1&2+II (2.70) Квота на денот во Sport Life

 

Фиорентина – Наполи (Серија А, 20.45 часот)

Според најавите од Италија, Елиф Елмас нема да биде во почетната постава на вицешампионот на Италија, но ќе чека шанса за официјално деби во Серија А од клупата. Играше одлично во претсезоната, а сепак Карло Анчелоти веријатно ќе се одлучи Фабијан Руиз да биде стартер.

И Наполи и Фиорентина се задоволни од летниот трансфер период и имаат големи амбиции. Вицешампионот го купи Гркот Манолас од Рома и сега има искусен тандем стопери со него и Кулибали, веројатно еден од најдобрите во Италија. Тимот се подмлади со ангажманот на Елмас и на Хирвинг Лозано, двајцата рекордери на свој начин, според висината на трансферите.

Фиорентина има нов сопственик по 17-годишното владеење на семејството Дела Вале. Новиот газда Роко Комисо амбициозно го почна проектот да се биде постојано во горниот дом во Серија А, а навивачите на „виолетовите“ паднаа во транс со ангажманот на Франк Рибери. Францускиот интернационалец ќе донесе многу искуство и квалитет, а тука се и новите играчи Пулгар, Боатенг, Лирола, а се врати и Бадељ од Лацио.

Двете екипи имаат одлилни офанзивци, иако вечерва за Наполи нема да игра Милик, па се очекува старт со многу голови во Фиренца.

Предлог тип: ГГ&3+ (2.02)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести