33.8 C
Skopje
среда, 16 јули 2025

Лајпциг го купува „српскиот Меси“ за 14 милиони евра

Германскиот бундеслигаш Лајпциг е мошне активен на трансфер-пазарот во последните неколку дена. „Биковите“ го договорија и ангажманот на големиот талент на Црвена ѕвезда, Андрија Максимовиќ.


Германскиот клуб ќе плати 14 милиони евра за правата на 18-годишниот офанзивен играч за врска, а во договорот се вклучени и дополнителни 500.000 евра бонуси. Покрај тоа, Црвена ѕвезда ќе задржи 10% од следниот трансфер.

Се очекува Максимовиќ во наредните часови да ги мине лекарските прегледи и да потпише долгорочен договор со Лајпциг.

Максимовиќ досега има 41 настап за Црвена ѕвезда, при што постигна шест гола, а веќе има и осум настапи за репрезентацијата на Србија.

Овој трансфер го прави Максимовиќ третото ново засилување за Лајпциг во текот на оваа недела. Претходно клубот ги договори Јоан Бакајоко од ПСВ Ајндховен и Јан Диоманде од Леганес. Тројцата заедно ќе го чинат германскиот клуб вкупно 54 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести