Лајпциг го потврди рекордниот трансфер, Гвардиол наскоро ќе се пресели во Сити

Спортскиот директор на Ред Бул Лајпциг, Макс Еберл, им откри на германските медиуми дека прашање на време е кога Јошко Гвардиол и официјално ќе стане најскап дефанзивец во историјата и ќе се пресели во Манчестер сити.

„Гвардиол и неговите агенти сакаат трансфер во Манчестер сити. Веќе преговараме со Сити, Гвардиол за 100 милиони евра, плус бонуси, ќе се пресели кај Гвардиола. Висината на отштетата ќе го направи Гвардиол најскап дефанзивец во историјата, но можеби ќе ни бидат потребни неколку дена за да се реализира трансферот“, изјави Еберл.

Моментно најскап дефанзивец е Хари Мегваер, за кого Манчестер јунајтед му плати 87 милиони евра на Лестер во 2018 година. Веднаш зад него е Вирџил ван Дајк, кого Ливерпул во 2018 година го плати 84,5 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести