Лајпциг го здроби Хановер, сега е топ-фаворит за прв пехар во германскиот куп

Прволигашот Лајпциг ја оправда улогата на прв фаворит за трофејот во германскиот куп и лесно и убедливо го победи второлигашот Хановер со 4:0 во четвртфиналето.

Кристофер Нкунку со два гола за пет минути во првото полувреме најави сигурен пласман на Биковите во полуфиналето, а победата ја потврдија Лајмер и Силва со два гола во вториот дел.

Вистинска драма има во Хамбург, каде по регуларниот дел Хамбургер и Карлсруе одиграа нерешено 2:2, па има продолженија.

Гостите водеа со 2:0, но Хамбургер израмни со погодок во судиското продолжение и има предност од еден фудбалер повеќе по исклучувањето на Кобалд во 71. минута.

Во полуфиналето веќе е и Унион Берлин, по триумфот вчера против Сент Паули, а од 20.45 часот се игра последното четвртфинале меѓу Бохум и Фрајбург.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести