1010 Лидс – Манчестер јунајтед (15 ч.)
Манчестер јунајтед е во борба за место кое води во Лигата на шампиони, па едноставно мора да освојува бодови на секој меч. Лидс е екипа која дома победила само три пати во 11 меча сезонава, што значи дека Црвените ѓаволи може да атакуваат на бодови.
Во последните пет меѓусебни дуели, Манчестер има четири победи и едно реми, па реално е и сега да атакува на трите бода.
Предлог тип: Х2&0-3 (1.97)
1710 Олимпик Марсеј – Клермонт (21 ч.)
Олимпик Марсеј е втор во Франција, но е далеку од позиција да го брка лидерот ПСЖ. На теренот во Марсеј, Олимпик сезонава има по пет победи и реми, и само два порази.
Клермонт е со четвртата најслаба одбрана во лигата и реално нема што да бара на ова гостување. Во есенскиот дел од сезоната, Олимпик на гости победи со 1:0 и сега е голем фаворит за трите бода.
Предлог тип: 1-1 (2.23)
1809 Херта – Лајпциг (19:30)
Дефиниција за меч со многу голови е кога играат овие два тима. На последните 10 средби биле постигнати вкупно 48 погодоци, односно 4,8 по меч. Во овој период, Лајпциг има дури осум победи, а Херта се радувала само еднаш.
Во есенскиот дел Лајпциг победи убедливо со 6:0, па реално гостите и сега се фаворити за триумф. Херта е во лоша низа и има четири порази и само две нерешени во последните шест кола.
Предлог тип: 2&3+ (2.17)
1309 Бетис – Мајорка (18:30 ч.)
Најпријатното изненадување во Шпанија е тимот на Бетис, кој моментно е на третото место на табелата. Дека е во одлична форма, Бетис покажа и со победата над Зенит во Русија, во Лигата на Европа.
Главен приоритет на Мајорка е да се спаси од испаѓање, но овој тим сезонава на гости претрпе седум порази во 11 средби. Бетис игра отворен фудбал, го има вториот најдобар напад, но често и прима погодоци.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.99)
1542 Мореиренсе – Порто (21 ч.)
Порто уште нема пораз во првенството и со 19 победи и само три реми е лидер на табелата. Мореиренсе е тим кој е во зоната за испаѓање и реално нема на што многу да се надева.
Порто сезонава на гости има девет победи и само две реми со гол разлика 28:8. Во есенскиот дел, порто дома со 5:0 го победи овој ривал, но интересно е дека Мореиренсе на свој терен против Порто три пати одигра нерешено во последните четири средби.
Предлог тип: 2&0-3 (2.21)