32.8 C
Skopje
вторник, 12 август 2025

Лајпциг и Наполи преговараат за Елмас

Елиф Елмас сака да игра во Серија А и би можел да се врати во актуелниот италијански првак Наполи, од каде што направи трансфер во Лајпциг во декември 2023 за 25 милиони евра.

Според информации од Апенините, Наполи и Торино се најзагреани за Македонецот, но Лајпциг не сака да го позајми 25-годишниот Елиф, туку бара траен трансфер, или барем позајмица на една сезона, а следното лето договорот задолжително да биде откупен.

Тренерот Антонио Конте наводно одобрил Наполи да го земе Елмас, му се допаѓа разновидноста на Елиф, кој може да игра на повеќе позиции.

- Оглас -

Најнови вести