Лајпциг и Палермо ќе победат, голови ќе има на “Стемфорд бриџ“ (Фото)

1125 – Челзи – Манчестер сити (17:30)

На последните пет натпревари на кои играла екипата на Манчестер сити биле постигнувани по најмалку три погодоци. Сепак, и според квалитетот и според стилот на играта на избраниците на Пеп Гвардиола, денес се очекува ефикасен фудбал на “Стемфорд бриџ“, можеби и со голови во двете мрежи, но во секој случај гледачите и на стадионот и пред телевизорите ќе имаат можност да видат најмалку три голови на дерби дуелот од Премиер лигата.

Предлог тип: 3+ (1.90)

 

1809 – Лајпциг – Фрајбург (19:30)

Екипата на Фрајбург не знае за победа против Лајпциг уште од 2019-тата година или на последните девет натпревари. “Биковите“ и денес се големи фаворити за победата, со која ќе направат прогрес во топ-4 екипи во Бундес лигата, посакувана позиција која води во групите на Лигата на шампионите. Двете екипи негуваат ефикасен фудбал, па неизбежен “декор“ на денешниот меч ќе биде ефикасната игра на двете страни.

Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (2.10)

 

3020 – Палермо – Цитадела (16:15)

Екипата на Палермо е фаворит против Цитадела и со нови три бода само дополнително ќе си ги зголеми шансите за кам-бек во италијанската елита. Палермо со евентуална победа ќе се доближи на само бод од второпласираната Венеција, а денес има противник по мерка од кого нема згубено од 2017-тата година. На последните пет меѓусебни натпревар Цитадела нема победа над Палермо.

Предлог тип: 1 & Т1 2+ (2.35)

 

1925 – Лугано – Цирих (16:30)

Дуел на две екипи кои имаат одличен напад, кој игра ефикасен фудбал оваа сезона. Цирих има постигнато 23 голови на 13 натпревари, додека Лугано тоа има сторено 21-пат на 12 меча во првенството на Швајцарија. Одличен просек кој гарантира ефикасен натпревар со голови во двете мрежи.

Предлог тип: ГГ и 3+ (1.98)

 

1661 – Гент – Андерлехт (18:30)

Пет години трае постот на Андерлехт во дуелите против Гент, односно од 2018-тата година кога последен пат го победија својот денешен противник со 2-0 на домашен терен. Гент на последните 13 натпревари нема загубено од Андерлехт, а доколку ги сметаме само домашните натпревари, гостите немаат победа од 2016-тата.

Предлог тип: 1Х & 2-4  (2.02)

- Оглас -

Најнови вести