ПСЖ слави титула, Мбапе мерка кралски покер и пак ќе биде стрелец

1001 Арсенал – Манчестер јунајтед (Англија, Премиерлига, 13.30 часот)

Лани на „Олд Трафорд“ на меч што заврши со победа на Манчестер јунајтед од 3:2, двата англиски гиганти прекинаа чудна серија во меѓусебните мечеви со пет по ред кои завршија со 0-2 гола.

Сега поблиску е ланското сценарио со многу голови, бидејќи ниту Арсенал, ниту Манчестер јунајтед немаат избор освен да победат ако сакаат да ги задржат шансите за настап во Лигата на шампионите.

Топчиите го чекаат дербито во многу подобра атмосфера по победата против Челзи со 4:2, а имаат и три бода повеќе од Црвените ѓаволи.

Манчестер јунајтед одигра многу лош меч во вечното дерби со Ливерпул и загуби со 4:0, па нов пораз денеска ќе значи и збогум со надежите за настап во Лигата на шампионите.

Поттик за гостите ќе биде кам-бекот на Кристијано Роналдо, кој не настапи против Ливерпул по семејната трагедија.

Офанзивата и головите се единствена опција и за двата тима, па ќе типуваме Гол-гол.

Предлог тип: ГГ (1.60)

 

3003 Венеција – Аталанта (Италија, Серија А, 15 часот)

Со 7 порази по ред и 8 без победа Венеција си ги расипа шансите за опстанок, па сега мора да најде начин да ја победи Аталанта.

Тоа би било подвиг со оглед на ситуацијата и на квалитетот на двете екипи, иако и Ла Деа не игра добро и има серија од пет меча без победа што ја исфрли од трката за настап во Лигата на шампионите.

Гостите мораат да победат ако сакаат да ги задржат шансите за учество во европските купови.

Венеција нема избор и исто како и Аталанта ќе мора да напаѓа, бидејќи има негатива од шест бода во однос на Калјари и 7 помалку од Сампдорија, а мора да биде барем пред еден од овие два тима ако сака пак да игра во Серија А.

Гостите се многу поквалитетни и ќе победат во меч со најмалку по еден гол во двете полувремиња.

Предлог тип: 2&1+I&1+II (2.35)

 

1805 Гројтер фурт – Баер Леверкузен (Германија, Бундеслига, 15.30 часот)

Гројтер фурт веќе испадна од Бундеслигата и е единствената екипа во елитната германска лига што не ја минала границата од 20 бода по 30 кола.

Веројатно таа ќе остане недостижна и по денешниот меч со Баер Леверкузен, екипа која има императив да победи и да го сочува четвртото место, последно што води во Лигата на шампионите.

И двете екипи имаат многу отсутни играчи, што е предност за гостите, кои имаат многу поголем избор на играчи и поквалитетен тим.

Во првиот дел од шампионатот Баер го растури Гројтер со 7:1 на меч на кој Патрик Шик постигна четири гола.

И сега Фармацевтите се фаворити и типуваме дека ќе победат со најмалку два гола во мрежата на домаќините.

Предлог тип: 2&T2 2+(1.58)

 

1806 Лајпциг – Унион Берлин (Германија, Бундеслига, 15.30 часот)

Лајпциг успеа да направи пресврт пред три дена и да го победи Унион Берлин со 2:1 за пласманво финалето на германскиот куп.

Форсберг со гол во 92. минута донесе огромна радост на „Ред Бул“ арена, а Лајпциг ќе се обиде да приреди реприза и со нова победа против Унион Берлин да се зацврсти на третото место што води во Лигата на шампионите.

Лајпциг има и алтернатива за ЛШ, ако го освои пехарот во Европа Лигата, но тоа не е сигурна варијанта, бидејќи ќе мора да биде подобар од Глазгов Ренџерс во полуфиналето и потоа и да победи во евентуалното финале против Ајнтрахт, или Вест хем.

Тимот од Берлин бие битка за нов настап во Европа, има многу незгоден тим и е тврд орев за бундеслигашите.

Интересно е што трите последни натпревари меѓу Лајпциг и Унион Берлин завршија со ист резултат 2:1, двапати за тимот од главниот град и пред три дена со победа на Лајпциг во полуфиналето на германскиот куп.

Предлог тип: ГГ&3+ (2.50)

 

6830 ПСЖ – Ленс (Франција, Лига 1, 21 часот)

Пари Сен Жермен веќе ја освои титулата во Франција, па вечерва може да се слави на „Паркот на принцовите“ во Париз.

Фештата ќе биде голема, бидејќи клубот станува десеткратен првак и ќе им се приклучи на врвот на вечната листа на Сент Етјен и на Марсеј.

Играчите на ПСЖ имаа уште едне голем мотив, да му помогнат на Килијан Мбапе да ја одбрани титулата најдобар стрелец во француското првенство што ја освои во претходните три сезони.

Килијан мерка покер како Крал на стрелците во Франција, а и сега е на врвот на листата со 22 гола во Лига 1.

Сериозни конкуренти му се Териер од Рен со 20 погодоци и Бен Једер, кој ја делеше со Мбапе прекланската круна со по 18 гола, а сега има постигнато 19 за Монако.

Килијан е во топ-форма, постигна дури 7 гола на последните четири меча во Лига 1 и на секој барем еднаш беше стрелец, па типуваме дека и денеска ќе погоди.

Предлог тип: Стрелец Килијан Мбапе (1.55)

 

 

- Оглас -

Најнови вести