Лајпциг на свој терен одигра 1-1 против Баер Леверкузен во дербито на колото во Бундеслигата, и со тоа Црвените бикови го задржаа второто место на табелата, но сега со три бода помалку од водечкиот Баерн Минхен.
Нкунку е првиот играч во последните 15 сезони, кој имал 12 асистенции после 22 одиграни меча. Нкунку денеска асистираше со прецизен центаршут до Шик за 1-1, откако претходно Бејли погоди за водство на Аспирините. Баер е петти и засега не е загрозен од шестиот Шалке кој има осум бода помалку.