0.8 C
Skopje
среда, 28 јануари 2026

Лајпциг испушти победа, Хофенхајм славеше во Бремен

Хофенхајм си замина со три бода од „Везерштадион“, совладувајќи го Вердер со 0-2, додека пак Лајпциг испушти победа во самиот финиш на гостувањето кај Сент Паули играјќи 1-1.

Домашниот тим од Бремен изгледаше немоќно во поголемиот дел од средбата, иако повеќе од едно полувреме имаше бројна предност на теренот. Гостите беа поорганизирани уште од стартот, а својата подобра игра ја крунисаа пред паузата кога Прас со вистинска бомба од далечина го отвори резултатот по асистенција од Крамариќ.

Ситуацијата за Вердер изгледаше поповолна кога Бургер доби директен црвен картон, но наместо пресврт следуваше уште еден удар. По конфузија во одбраната, Промел се снајде најдобро и зголеми на 0-2.


Иако Шмид подоцна ја затресе мрежата, голот беше поништен поради офсајд. Нападите на домаќините беа јалови.

Лајпциг доминираше поголем дел од дуелот со Сент Паули и поведе преку Диоманде со прецизен удар од работ на шеснаесетникот по една одбиена топка од корнер. Сепак, кога се чинеше дека бодовите патуваат за Лајпџиг, домаќините добија пенал во судиското продолжение, а Карс беше сигурен од белата точка за радост на трибините.

- Оглас -

Најнови вести