Лајпциг не може да се опорави од дебаклот против Сити, загуби од екипа која се бори за опстанок во Бундеслигата (Видео)

Катастрофалниот пораз од 7:0 од Манчестер сити во реванш натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампионите, остави голема трага кај играчите на Лајпциг и тоа се поразени од Бохум во 25-то коло во рамки на Бундеслигата.

Со поразот, Лајпциг направи чекор наназад во трката за титулата во Бундеслигата и остана на третото место со 45 бода, пет помалку од втората Борусија и седум од лидерот Баерн. Бохум пак 14-ти на табетата со 25 бода ,четири повеќе од Херта која се наоѓа во зоната за испаѓање.

Единствениот гол го постигна Ерхан Машовиќ на стартот од второто полувреме.
Убедлив триумф на домашен терен оствари Хофенхајм и тоа од 3:1 против Херта.

Хрватот Андреј Крамариќ постигна два гола, а победата за завери Бебоу. Единствениот гол за Херта го постигна Јоветиќ.

Волфсбург со голот на Мармуш славеше на гостувањето кај Штутгарт, додека Аугсбург и Шалке ги поделија бодовите играјќи 1:1.

- Оглас -

Најнови вести