Братски протокол – Лајпциг доби топ-засилување од Салцбург

Доминик Собослаи ќе биде големо засилување за Лајпциг откако одлучи да ја почитува „братската“ релација меѓу двата клуба на Ред Бул и од Салцбург ќе се пресели во Лајпциг.

Унгарскиот репрезентативец и еден од најбараните млади фудбалери на пазарот веќе е на медицински прегледи кај германскиот тим и се очекува да потпише договор со отштета од 25 милиони евра.

Собослаи игра импресивно и е во кругот на најдобрите млади играчи во Европа. Има само 20 години и за три сезони во Салцбург стана многу интересен и за европските гиганти.

Милан беше сериозно заинтересиран за да го ангажира играчот за врска на Салцбург, но двата клуба што се под капата на Ред Бул си го почитуваа братскиот протокол и Собослаи ќе игра за Лајпциг во продолжението на сезоната во Бундеслигата, но и во Лигата на шампионите.

 

 

- Оглас -

Најнови вести