Лајпциг нема да има проблем со Баварците

3001 Болоња – Беневенто (20.45 часот)

Последнопласираниот Кротоне е единствен тим во Серија А кој има примено повеќе голови од Беневенто, но тоа не значи дека Болоња ќе даде многу голови. Двата тима имаат еднаков број бодови, но Болоња е во малку подобра форма, има две победи во последните четири кола, додека Вештерките веќе пет кола по ред не знаат за радост. Кога играле меѓу себе овие два тима, секогаш имало победник и секогаш поразениот не успевал да постигне гол.

Предлог тип: 0-1 I & 0-2 II (1.85)

 

1801 Лајпциг – Аугсбург (20.30 часот)

Лајпциг е тим кој има примено најмалку голови во Бундеслигата, а Аугсбург е тим кој во 20 кола има дадено 20 погодоци, што е просек од еден гол по меч. Аугсбург има четири порази на последните пет средби, а Лајпциг има три победи на последните четири меча. Црвените бикови заостануваат големи седум бода зад Баерн, па нивна главна цел е да се задржат на второто место. Лајпциг сезонава кога победува, најчесто тоа е во мечеви на кои не прима гол.

Предлог тип: 1 & 2-4 гола (1.99)

 

1302 Селта – Елче (21.00 часот)

Селта има три нерешени резултати по ред, од кои последниот против лидерот Атлетико. Елче е во криза, од октомври нема победа, па затоа е во опасната зона на табелата. Но, и Селта нема лигашка победа во 2021 година, па ова им е златна шанса. Есеноска во Елче беше 1-1, а на „Балаидос“ не се сретнале уште од 2015 година, кога исто така конечниот резултат беше 1-1. Минатиот викенд двата тима одиграа 2-2.

Предлог тип: 1Х & 2+ (1.45)

 

1926 Тун – Грасхоперс (20.00 часот)

Ова е дерби во швајцарската Челинџ лига (втора лига). Тун е во налет, има четири победи по ред, додека Скакулците се втори со бод помалку од Тун, но и еден меч помалку, па евентуална победа многу ќе им помогне во трката за пласман во Суперлигата. Тун на 5 декември за последен пат не успеа да даде гол, а Грасхоперс уште од октомври наваму редовно ги тресе противничките мрежи. Тун е незгодно место за гостување за Грасхоперс, таму не победиле од 2015 година, а во декември 2020 беше 3-1 за домашните.

Предлог тип: & ГГ (2.05)

 

3011 Монца – Пиза (21.00 часот)

Ова е дуел на два тима кои многу често играат нерешено (за 22 кола Монца има 9, а Пиза десет ремија). Монца има амбиција да влезе во Серија А, овој тим ја има најдобрата одбрана во лигата. Пиза е еден од трите тима со најмногу примени голови, па Балотели и другарите би можеле да го искористат тоа. Последните четири меѓусебни средби на овие тимови завршија со 0-2 гола, па тешко дека овојпат може да има голеада.

Предлог тип: НГ & 0-2  (2.45)

- Оглас -

Најнови вести