Лајпциг се пласираше во второто коло од Купот на Германија, 32-финалето „Црвените бикови“ беа подобри на гости од четвртолигашот Сандхаузен со 4-2, а Елиф Елмас не беше ни на клупата за резерви кај Лајпциг.
Во текот на натпреварот, Лајпциг двапати губеше, но направи пресврт и не дозволи сензација.
Елмас е во преговори за заминување и неговото отсуство денеска е сигурен знак дека ќе го напушти клубот.