Италијанскиот спортски весник “Кориере дело спорт“ денес во своето издание пренесува информација дека бундеслигашот Лајпциг во јануарскиот преоден рок повторно планира да тргне по потписот на нашиот фудбалски бисер, Елиф Елмас.
“Биковите“ и во минатото беа заинтересирани за нашиот репрезентативец, тогаш во игра беше и Ливерпул, но Наполи не прифати ниту една понуда. Сега Лајпциг планира да понуди 25 милиони евра, 20 фиксни и пет во дополнителни бонуси.
Останува да се види дали вториот обид ќе биде успешен. Доколку се случи Елиф Елмас да потпише за Лајпциг, тоа значи дека во осминафиналето на Лигата на шампионите наместо за Наполи против Барселона, ќе игра против Реал Мадрид во дресот на бундеслигашот.