Лајпциг со евроголови стигна до три бода во дербито (Видео)

Лајпциг го победи Келн во првиот меч од 22. коло во германската Бундеслига. Со оваа победа, Лајпциг стигна до 34 бодови и го „прескокна“ Келн на табелата кој остана на 32 бодови.

Победата на домаќините ја најави францускиот играч за врска Кристофер Нкуну кој погоди со прекрасен шут од слободен удар во 25 минута.

Во првите 15 минути од второто полувреме Лејпциг даде уште два гола. Дани Олмо погоди со удар надвор од шеснаесетникот и тој погодок може да го погледнете ТУКА.

Олмо потоа беше и асистент за погодокот на Анџелино, а во 91 минута Лампер го даде почесниот погодок за Келн.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести