Лајпциг со историски момент во Бундеслигата, никој никогаш претходно не направил нешто вакво

Лајпциг даде еден гол, но и тој беше доволен за да се освојат трите бода на гостувањето во Берлин кај Херта. Хаидара постигна гол во 40 минута и Лајпциг стигна до многу вредна победа во трката за позиција која води во Лигата на шампиони.

По 27 кола, Лајпциг сега има 48 бодови и е на посакуваното четвртото место на табелата. Овој триумф на Лајпциг кај Херта е историска затоа што тоа е првиот клуб кој успеал да победи на првите седум гостувања кај еден противник во Бундеслигата.

- Оглас -

Најнови вести