Шампионот Баер Леверкузен оваа сезона не е непобедлив, а тоа го докажа Лајпциг кој со неверојатен пресврт успеа да слави со 2-3 на тешкото гостување. Иако без тренерот Марко Росе, кој доби црвен картон по само 25 минути од мечот, Лајпциг не се предаде и во моментите кога имаше негатива од 2-0.
Фримпонг и Грималдо во финишот на првиот дел донесоа убава предност за Баер Леверкузен. Но, тоа не беше доволно ниту за бод.
Кевин Кампл намали во судиското продолжение од првото полувреме, а во второто на сцена стапи Лоис Опенда. Напаѓачот на Лајпциг со два гола, во 57-та и во 80-тата минута го шокираше тимот на Чаби Алонсо. Ова е прв пораз за Баер Леверкузен на домашен терен по рекордната серија од 35 меча.
🚨🇩🇪 GOAL | Bayer Leverkusen 2-3 Leipzig | Openda
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) August 31, 2024
OPENDA HAS GIVEN LEIPZIG THE LEAD !!!!!!!!!!!!!!pic.twitter.com/NPQXMsw0rF
За жал, овој голем триумф на Лајпциг, македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го следеше од клупата за резерви.