Хамбургер на домашен терен загуби од Лајпциг со 1-2 во 24-тото коло од Бундеслигата.
Домаќините први го отворија резултатот. Во 22-та минута акцијата се развиваше по десната страна, Микелбренсис ја врати топката кон Виеира, кој сигурно реализираше за 1-0.
Израмнувањето пристигна во 36-та минута и тоа на мајсторски начин. По центаршутот на Баку во казнениот простор, Ромуло Кардосо со петица ја испрати топката во мрежата за 1-1, потег што дефинитивно беше најатрактивниот момент на натпреварот.
Лајпциг го комплетираше пресвртот веднаш на стартот од второто полувреме. На сцена стапи Јан Диоманде, кој уште еднаш ја демонстрираше својата техничка супериорност, погодувајќи за 1-2.

