Лаказет и Обамејанг – ловци на лилјаци

Арсенал веќе го планира патот кон Баку за финалето во Лигата на Европа бидејќи во овие моменти води со 3-2 на гостувањето кај Валенсија во рамките од реваншот во полуфиналето. Трите погодоци на „Месталја“ се дело на напаѓачкото дуо Лаказет – Обамејанг. Габонецот е „виновник“ за првиот и третиот гол, додека Французинот стрелаше за 2-1 во 50-тата минута.

Интересно е што овие двајца ги постигнаа трите гола и во победата од 3-1 на „Емирати“ во првиот дуел, а пред седум дена Лаказет во два наврати се запиша како стрелец, додека за еден гол беше заслужен Обамејанг.

Талисманите на Емери се покажаа во најдобро светло кога беше најпотребно.

https://www.dailymotion.com/video/x77vs8p

- Оглас -

Најнови вести